Сладок рецепт. Брза и едноставна штрудла со јаболка. Вкусна ужинка за вашите најмили.




Состојки:
- 500 гр готови кори
- 1,5 кг јаболка, по можност Петровка
- цимет
- шеќер
- гриз
- Масло
Подготовка:
За почеток, исчистете ги и изрендајте ги јаболките. Земете 3 кори. Секоја кора посипете ја со малку масло и посипете со малку шеќер, во зависност од тоа дали ви се допаѓа поблаго.
- Advertisement -
Ставете рендани јаболка на третата кора, посипете ги малку со масло, посипете со малку цимет, една лажица гриз и 2 полни лажици шеќер.




Сега завиткајте ги корите и ставете ги во подмачкана тава, а корите може да ги распоредите и во квадратна тава. Потоа исечете ги парчињата со нож, премачкајте со масло и печете на 200-220 степени. Штрудлата е готова кога ќе зарумени одозгора.
Пријатно!