Медена пита – Старински десерт што ги освојува сите генерации со вкусот и мирисот

Вреди да се проба:

СЛАТКИ ПЛЕТЕНКИ: Домашни печива кои ќе ве натераат да заборавите на пекарата – се топат во уста!

Симпатична домашна плетенка е идеален начин да го започнете денот. Слатки со чаша јогурт не потсетуваат на грицки во училишниот двор и безгрижно детство. Сега...

Рецепт од ПРОФЕСИОНАЛЕН ГОТВАЧ: Киселете зелка со овие мини трикови и ќе ви трае до лето нема да се расипе!

Ако забележите дека киселењето зелка не ви успева и почнува да оди кон лошо, следете ги овие чекори и ќе ја зачувате секоја главица...

Стар РЕЦЕПТ за „најздрава САЛАТА“: Само така можете да ги зачувате СИТЕ витамини од зеленчукот во туршијата

Ако сте љубител на кисела туршија, задолжително одвојте време да ја направите „најздравата салата на светот“. Ако веќе сте совладале како да киселите зелка, време...

Плескавици од КОМПИРИ ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ: Евтино јадење со крцкава и златна кора!

Никогаш побрзо до вкусен оброк. Парчињата од компир полнети со сирење се евтин и едноставен рецепт што можете да ги јадете сами или како прилог...

Оваа торта името го добила по медот што се става во корите, кој не преовладува, но и дава посебна арома.

Состојки за кората:

  • 1 јајце
  • 150 г шеќер
  • 3 лажици млеко
  • 3 лажици мед
  • 60 г маст
  • 450 г брашно
  • 1 лажичка сода бикарбона

Состојки за кремот:

  • 500 мл млеко
  • 5 лажици брашно
  • 180 г шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 250 г путер

Состојки за чоколаден прелив:

  • 150 г чоколадо за готвење (минимално со 60% какао)
  • 150 мл павлака за шлаг

Подготовка на корите: 

За подготовка на кората најпрво во сад ставете брашно и сода бикарбона. Во посебен сад со миксер пенесто изматете јајца, шеќер и ванилин шеќер. Загрејте ја рерната на 160 степени Целзиусови

Ставете сад со подебело дно на среден оган. Истурете ги изматеното јајце и шеќер, па додајте маст и мед. Кога сите состојки ќе се загреат за околу две минути, намалете го оганот и додајте брашно. Мешајте додека смесата не ви стане хомогена.

- Advertisement -

Кога тестото ќе биде соединето, тргнете го садот од оган, но оставете го тестото во него. Тестото сукајте го топло.

Превртете наопаку плех за печење со димензии 35х22 см, па наросете го со брашно. Одвојте 1/3 од топлото тесто и расукајте го врз превртениот плех. Полека сукајте го тестото.

Печете го така расуканото тесто (на превртен плех- најмногу 7 минути, односно додека кората добие убава светло румена боја. Испечената кора ставете ја на хартија за печење да се олади.

Повторете ја истата постапка со преостанатите две кори.

Подготовка на кремот:

Додека корите се ладат, пригответе го кремот. Брашното ставете го во сад и постепено додавајте млеко. Мешајте за да не се создадат грутки.

Кога ќе го додадете сето млеко во брашното, ставете ја смесата на средно силен оган и цело време мешајте. За неколку минути смесата ќе биде готова, тргнете ја од оган и оставете ја да се олади. Путерот изматете го со шеќерот и ванилиниот шеќер, додека не добиете кремава смеса. Потоа во путерот и шеќерот, додајте го оладеното млеко и брашно.

Тргнете го на страна готовиот крем.

Подготовка на чоколадната глазура:

Издробете го чоколадото на помали коцки. Загрејте ја павлаката за шлаг речиси до вриење, но внимавајте да не зоврие. Сипете ја павлаката во чоколадото и внимателно мешајте додека глазурата стане компактна и соединета.

Оставете ја да се олади малку па прелејте го колачот со глазурата.

Приготвување на тортата:

Во плех за печење ставете ја првата кора. Половина од кремот рамномерно премачкајте го врз долната кора. На неа ставете ја втората кора, па внимателно притиснете за да се соедини сето тоа. Премачкајте ја со втората половина од кремот.

Ставете ја последната трета кора и неа притиснете ја со рацете.

Последната кора прелејте ја со глазурата.

Оладете го колачот и оставете го да отстои преку ноќ, а потоа исечете го.

- Advertisement -

Последни рецепти

ЈАГОДИ ОД ЦВЕКЛО со фил: Декоративна салата за прослави!

Направете салата јагоди од цвекло со фил. Оваа кулинарска идеја освен што е убава е и доста вкусна. Рецептот вклучува и малку лук, кој може...

ПОСНА САЛАТА СО МАКАРОНИ И ПЕЧУРКИ: Тестенините се натопени во сок од печурки, а печениот сусам им дава посебен вкус!

Посна салата со макарони може да се јаде како оброк или да се служи како мезе за прослава. Доколку смислувате мени за Свети Никола или...

СВЕТИНИКОЛСКИ ГРАВ СО ЗАПРШКА БЕЗ БРАШНО: Се служи во чинија со риба и е превкусен!

Направете го највкусниот грав за Свети Никола. Знаеме како треба да изгледа една маса за славење. Прво доаѓа мезето, главното јадење, а потоа колачите. Наближува...

НАЈУБАВАТА ПОСНА ТОРТА СО ПЛАЗМА, ЧОКОЛАДА И КОКОС: Мали залаци кои први ќе исчезнат од трпезата!

Доколку оваа година го славите Свети Никола, ви предлагаме торта со кокос, чоколадо и плазма. Чоколадото, кокосот и бисквитите се добитна комбинација на состојки при...

ПОХУВАНИ МАСЛИНКИ: Необично посно мезе ќе биде хит на трпезата!

Ви предлагаме да додадете посно мезе што освојува од првиот залак. Невообичаено и интересно мезе е секогаш добар начин да се покажете како одлична домаќинка....
- Advertisement -

Повеќе рецепти

- Advertisement -
error: Содржината е заклучена!