Вкусно, посно јадење кое може да го замени оброкот. Оваа комбинација е честа како прилог во источните креви, а како макало типично е за западните краеви. Лесно и брзо се приготвува и е превкусно!
Одлично е како посно јадење, салата, мезе или прилог. Има многу варијанти на рецепти, а кој не сака посно може да додаде сирење.
Состојки:
- 1 кг компири
- 10-15 суви пиперки (везени)
- сол, бибер и масло по вкус
- праз по желба
- лук по желба
Приготвување:
Компирите излупете ги и исецкајте ги на парчиња. Прелејте ги со вода и ставете ги да се варат. Кога убаво ќе се сварат испасирајте ги компирите со вилушка или ставете ги во блендер.
Сувите пиперки исто се варат, но доколку сакате може малку претходно да ги потпечете, да замирисаат убаво. Избришете ги со влажна крпа сувите пиперки и ставете ги да се варат. Кога ќе се сварат сувите пиперки со лажиче соберете го месото под лушпата и исецкајте ги на мали парченца. По ваша желба семките од пиперките можете да ги извадите или да ги оставите.
Празот се сецка ситно и треба да се истолчи малку со сол.
Потоа компирите, празот и пиперките заедно се мешаат и се ставаат зачини по желба. Додадете сол и бибер по вукс.
Додавајте го маслото постепено, додека не ја добиете посакуваната хомогена смеса. За подобар вкус може претходно маслото да го ставите на оган да зоврие и со него да ја прелиете смесата.
Лукот исецкајте го ситно и додадете го на крај.
Добар апетит!