Здрава чорба од коприва: Рецепт за душа!

Вреди да се проба:

Реклама

Здрава и вкусна густа чорба од коприва. Направете здрав и вкусен ручек.

Состојки:

  • 500 гр млади лисја од коприва
  • 50 мл масло
  • 100 гр ориз
  • 2 кромида
  • сол, црвен пипер
  • свеж магдонос
  • 50 гр мелени ореви

Подготовка:

Ситно исецкајте го кромидот и пржете го на масло. Потоа додадете го оризот, малку црвен пипер и пржете неколку минути, а потоа додадете ги измиените и исецкани коприви.

Реклама

Разредете со две чаши топла вода и варете уште триесет минути. Храната треба да биде густа, затоа внимавајте на количината на вода.

Готовото јадење посипете го со ситно сецкан магдонос и мелени ореви. Послужете разладено.

Реклама

Како додаток на јадењето можете да послужите кисело млеко или додека се пече да искршите јајце во него кое малку ќе се запече. Јајцето е по желба.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -