Згмечени па печени: Секој сака компир подготвен на овој начин!

Вреди да се проба:

Згмечени печени компири веќе некое време се хит во многу кујни. Тоа е двојно термички обработен компир што прво се вари, а потоа се пече во рерна.

Состојки:

  • 1 кг мал црвен компир
  • ½ лажичка лук во прав
  • ½ лажичка кромид во прав
  • сол и бибер по желба
  • растително масло
  • свеж магдонос за сервирање

Подготовка:

Измијте го компирот добро, најдобри резултати ќе добиете ако користите мали компири, но можете да користите и поголеми компири што сте ги исекле на приближно еднакви парчиња. Ставете го излупениот компир во тенџере со вода и варете го 20 до 25 минути, или додека не можете лесно да ја прободете површината на компирот со вилушка.

- Advertisement -

Исцедете го варениот компир од водата и оставете го да се олади околу пет минути. Загрејте ја рерната на 220 степени. Сварениот компир префрлете го во плех обложен со масло. Компирите изгмечете ги со вилушка или друг кујнски прибор за да ги израмните до дебелина од околу еден сантиметар.

Имајте на ум дека колку се потенки компирите, толку ќе бидат и покрцкави подоцна. Посипете ги компирите со малку повеќе масло, зачинете со сол, бибер, лук и кромид во прав.

Печете во рерна 25 до 30 минути додека не станат крцкави. Послужете го компирот топол со зачини по желба.

Добар апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!