Ако немате идеја што да направите за десерт а воедно и не сакате да потрошите многу еве еден супер брз, лесен и ефтин десерт.
Состојки:
Основа:
- 100 гр стопен путер
- 250 гр бисквити искршени
Полнење:
- 1 пудинг од ванила
- 100 гр кафеав шеќер
- 500 мл млеко
Фил:
- 4 банани, излупени и исечени
- 300 мл слатка павлака
- Какао за посипување
Подготовка:
Подгответе сад во кој ќе го спремате вашиот колач. За да ја подготвите основата најпрвин измешајте мелени бисквити со стопен путер. Добро распоредете на дното на садот и оставете да се излади 1 час во фрижидер.
За полнење: Ставете го млекото во тенџере и на шпорет за да се загрее, На страна измешајте пудинг и шеќер со малку млеко. Кога ќе зоврие млекото истурете ја измешаната смеса во него и мешајте додека не се згусти. Осигурете се да не останат грутки. Кога ќе биде готово, тргнете го од оган и оставете да се олади, но не целосно, но да остане малку топло. Истурете ја кремата врз основата од бисквитите. Ладете уште 1 час.
Пред сервирање, распоредете ги исечените банани на врвот на колачот и украсете со слатка павлака кој ќе му даде многу богат вкус на колачот. Посипете со какао.
Уживајте!