Еве како да приготвите варена тарана со сирење – За одличен појадок!

Вреди да се проба:

Реклама

Подгответе си еден прекрасен и вкусен оброк. Варена тарана со сирење, за појадок или вечера, лесен оброк кој многу заситува.

Потребни состојки:

  • 1 чаша тарана
  • 3 чаши вода
  • сирење по желба
  • сол по потреба

Подгототвка:

На 1 чаша тарана оди 3 чаши вода.

Реклама

Водата се зоврива со сол, а потоа се додава тараната и се вари 15 – 20 минути на средна температура.

По потреба се додава вода и постојано се меша. Тараната е готова кога ќе омекне.

Реклама

Врз сварената тарана посипете рендано сирење. Послужете со јогурт.

Добар апетит!

Доколку сакате да направите домашна тарана проследете го следниот рецепт:

- Advertisement -

Домашна тарана за супи и чорби, многу е вкусна, нема поубава. Порано нашите баби често знаеа да ја користат тараната во разни јадења, а на многу од децата им била омилен оброк.

Навистина е превкусна, а се подготвува исклучително лесно кога немате време за да готвите ручек, подолу во текстот може да најдете и подготовка на тарана за појадок или вечера.

Потребни состојки:

  • 5 јајца
  • 700 гр. брашно

Подготовка:

Во подлабок сад се кршат 5 јајца, а потоа додајте го брашното. На овој начин е полесно да процените колку е доволно да ставите брашно, отприлика на 1 јајце оди 150 г брашно.

Започнете да месите со рака, а постепено додавајте од брашното додека да се формира тврдо и нелепливо тесто под прсти. Тестото треба да биде суво, а од овој рецепт излегува голема количина на тарана и ќе имате постојано дома.

Откога ќе го замесите тестото, префрлете го на набрашнета рамна површина и продолжете со месењето. Откога ќе замесите тврдо тесто, оставете го да отстои некое време на собна температура, а потоа повторно премесете го по отстојувањето.

За сушење на тараната ставете една памучна крпа или чаршаф на маса, а потребно ќе ви биде само 1 ренде.

Доколку тестото е лепливо, премесете го со уште малку со брашно, а откога тестото ќе стане суво, започнете да рендате на крупната страна, а тестото да паѓа директно на крпата.

Откога ќе го изрендате тестото, наросете го со уште малку брашно, а потоа направете вреќичка од крпата и промешајте го тестото. Тестото раширете го низ целата површина на крпата, а крпата пренесете ја во просторија каде што нема влага.

Сувата тарана се чува во добро затворени и чисти херметички тегли на суво и темно место, каде што нема влага.

СОВЕТ ПЛУС: За 1 ручек е доволно мало парче тесто како топче, а преостанатото тесто ставете го во фолија и добро затворете го во неа. Поделете го и останатото тесто за 1 оброк, а потоа секое топче завиткајте го во фолија, па складирајте ги во замрзнувач.

Ова тесто може да стои повеќе од 1 месец во замрзнувач. Пред користење оставете го да отстои на собна температура малку да се одмрзне.

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -