Направете домашна бајадера со неодолив вкус, готоба за миг.
Доколку постите, за време на постот користете посни намирници.
Потребно е:
- 250 мл вода
- 250 гр шеќер
- 220 гр маргарин или путер
- 500 гр мелени бисквити
- 300 гр мелени лешници
- 250 гр темно чоколадо за готвење
- 1 лажица масло
Начин на подготовка:
Во сад истурете мелени бисквити и мелени лешници. Измешајте ги заедно.
Во тава истурете шеќер и вода, па додадете сецкан маргарин или путер. Ставете да се готви на оган додека сè не се стопи. Потоа тргнете од оган и веднаш прелијте ги со измешаните бисквити и лешници. Мешајте да се изедначи смесата, а потоа поделете ја на два дела.
На едниот дел додадете 100 гр стопено темно чоколадо. Поделете ги двете мешавини на два дела. Прво наредете ја светлата смеса на послужавникот, потоа темната, светлата и темната.
Стопете 150 грама црно чоколадо и прелијте ја бајадерата. Протресете го плехот за да го израмните чоколадото и ставете го во фрижидер неколку часа да се олади и зацврсти. Исечете го на парчиња во посакуваната форма, може 2 х 4 см или 2,5 х 5 см.
Бајадера треба убаво да се сече за да немате никакви нерамнини.