Десерт подготвен за САМО 20 МИНУТИ: Единствена мана е што децата ќе го сакаат секој ден!

Вреди да се проба:

Реклама

Единствена мана е што децата ќе го сакаат секој ден!

Состојки:

  • 1 пакување на колачиња Орео
  • 6 лажици путер, стопен
  • 230 мл слатка павлака
  • 30 гр шеќер
  • 2 лажици ладно млеко
  • 350 мл шлаг
  • 2 пакувања пудинг од чоколадо
  • 300 мл ладно млеко
  • 100 гр чоколадни трошки

Подготовка:

Премачкајте го дното на тавата со путер. Измелете ги колачињата и додадете стопен путер и месете додека не се формира компактна маса. Притиснете ја смесата на дното на садот и ставете ја во фрижидер да се зацврсти.

Реклама

Во меѓувреме, изматете ја слатката павлака во длабок сад и додадете ги млекото и шеќерот. Мешајте додека се не се соедини. Изматете половина од шлагот и додадете во смесата.

Истурете ја смесата врз бисквитите во плехот и вратете се во фрижидер 10 минути да се излади. Измешајте го пудингот со малку ладно млеко и сварете пудинг со млекото и оставете да се излади. Потоа додадете ја и оваа смеса врз колачот па вратете го во фрижидер да се излади.

Реклама

На крај, премачкајте со остатокот од шлаг, посипете со чоколадни трошки и послужете ладно!

Уживајте!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -