Вкусна чоколадна баклава – сосема поинаков вкус кој не ве остава рамнодушни…

Подгответе посна и вкусна чоко баклава, на чиј вкус никој нема да остане рамнодушен. Со овој рецепт, познатиот десерт, ќе добие сосема поинаков вкус.

Состојки:

  • посни кори за баклава
  • 100 г посна чоколада
  • 100 г гриз
  • 200 г ореви
  • 250 г посен маргарин
  • чоколада за готвење (за чоколаден прелив)

За шербет:

  • 500 г шеќер
  • 4 дл вода
  • 3 ванилини шеќери
  • сок од половина лимон

Подготовка:

Најпрво направете го преливот за баклава со шеќер, ванилин шеќер, вода и сок од лимон. По 3-4 минути варење тргнете го од оган и оставете го преливот да се олади.

Во чинија соединете ги мелените ореви, гризот, изренданото чоколадо и сето тоа измешајте го заедно.

Редете по 3 кори, една на друга, па свиткајте ги на половина, а на краевите ставете три лажици фил, потоа замотајте ги почнувајќи од страната на која се наоѓа филот и редете во плехот.

Наредете ги и исечете ги на еднакви делови, потоа прелијте ги со стопениот маргарин и печете 20 минути на 200 степени. Кога ќе добијат златникава боја извадете ги од рерна.

Прелијте ја со ладниот шербет врелата баклава така да да плива во шербетот, а подоцна ќе впие.

Стопете ја чоколадата за готвење и откако ќе се впие шербетот прелијте ја баклавата со стопеното чоколадо како прелив.

Пријатен апетит!