Бомбици со пудинг и плазма – Се топат во уста!!!

Вреди да се проба:

Брзи и едноставни за приготвување плазма бомбици со пудинг, толку се вкусни што буквално се топат во уста. Брзо, едноставно и вкусно, вреди да се проба!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 500 мл млеко
  • 10 г ванилин шеќер
  • 3 лажици шеќер
  • 80 г пудинг од ванила (2 кесички)
  • 100 г путер
  • 180 г мелена плазма/бисквити
  • 2 лажици крем од лешник (нутела или слично) + 70 г мелени бисквити за валкање

ПОСТАПКА:

Ставете 350 мл млеко со 10 г ванилин шеќер и 3 лажици шеќер да се вари. Во подлабок сад соединете 80 г (2 кесички) пудинг со вкус на ванила со 150 мл млеко, па полека со мешање истурете го во врелото млеко.

- Advertisement -

Варете го пудингот на тивок оган додека да се згусне. Врелиот пудинг соединете го со 100 г путер. Половина од пудингот истурете го во поголема чинија и додадете 3 лажици лешник крем (нутела, темниот дел од еурокрем…) и добро изматете со миксер.

Во светлиот и темниот фил додадете по 90 г мелени бисквити и измешајте. Добиената смеса ќе биде погуста. Смесата покријте ја и оставете ја на ладно, па во фрижидер околу 20 минути или еден час.

Ладните филови полесно се обликуваат и не се лепат на раце. Земете малку од изладениот фил и обликувајте топче со рацете, а потоа валкајте го во мелени биксвити.

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!