„RED VELVET“ – или ЦРВЕНА КАДИФА, НАЈУБАВАТА РУСКА ПРАЗНИЧНА ТОРТА!

Вреди да се проба:

Реклама

Направете ја полесно отколку што мислите и видете како изгледа одвнатре! Руската новогодишна торта ја нарекуваат и „црвено кадифе“ поради свилената текстура.

Доколку барате добар рецепт за торта кој ќе ги воодушеви вашето семејство и гостите, руската торта е вистинската работа! Тестото е познато и се нарекува „red velvet“, или „црвено кадифе“.

Реклама

Ова е стар рецепт модернизиран за да има богата црвена боја, додадете малку боја за да добиете вистински празничен изглед!

Состојки:

За тестото:

Реклама
  • 350 грама брашно
  • 2 лажици прашок за пециво
  • Половина лажичка сол
  • 2 лажици какао во прав
  • 100 грама путер на собна температура
  • 250 грама шеќер
  • 3 јајца
  • 300 грама јогурт
  • 100 милилитри масло
  • 2 лажички црвенa боја за колачиња

За крем:

  • 500 грама крем сирење
  • 300 грама шлаг
  • 50 грама шеќер
  • Црвена боја за колачиња

За декорација:

  • 60 грама бело чоколадо
  • 2 лажици масло
  • 50 грама кокос
  • снегулки

Подготовка:

Изматете го путерот со шеќерот, додадете ги јајцата, па маслото и јогуртот. Промешајте ја црвената боја. Измешајте брашно, сол, прашок за пециво и какао во прав, па измешајте со течните состојки. Истурете во калап и печете во загреана рерна на 170 степени околу 50 минути.

- Advertisement -

Изматете ги сите состојки за кремот, па поделете го на два дела. Еден дел измешајте го со црвена боја. Изладената кора се сече на три дела и се премачкува со белиот крем секоја кора и се реди една врз друга.

Се топи белото чоколадо со маслото.

Целата торта премачкајте ја со црвен крем и измазнете ја, а потоа прелијте ја глазурата со бела чоколада околу обрачот за да се спои. Долниот дел од колачот украсете го со кокос. Можете однадвор да ја украсите тортата со ѕвездички или други шеќерни украси!

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -