Mодар патлиџан на скара со сос од халапењо и фета сирење: Совршена комбинација на вкусови!

Вреди да се проба:

Повторно рецепт од нашата драга Благица.

Со своите кулинарски способности ни носи различни вкусни јадења, од различни кујни и ни открива нови начини како може да ги искористиме продуктите на едноставен и превкусен начин на подготовка.

- Advertisement -

Состојки:

  • 4 модри патлиџани
  • 1 халапењо пиперка
  • 2 главици кромид
  • половина сок од лимон
  • маслиново масло
  • многу малку рендана кора од лимон
  • 100 гр фета сирење
  • 100 гр јогурт
  • сол

Подготовка:

Модриот патлиџан исечете го на кругови, и посолете го. Скарата прелијте ја со малку маслиново масло. Модриот патлиџан исечкан на кругови прво прелијте го малку од едната страна со маслиново масло и оставете го на скарата да се пече. Кога ќе го превртите од другата страна повторно ставете му малку маслиново масло.

За преливот за модриот патлиџан, една халапењо пиперка исечете на ситни парчиња, додадете две исечкани главици кромид и половина сок од лимон. Сето тоа убаво измешајте го и додадете маслиново масло и сол. Ова е преливот.

Сос од фета, кој се мачка на лепче. Фета сирењето ставете го во блендер со јогурт и малку рендана кора од лимон (кора од лимон многу малку по вкус, бидејќи ќе биде горчливо). Откако ќе се изблендира, додадете малку маслиново масло и повторно изблендирајте.


Овој сос намачкајте го на лепче, лепиња, тортиља по ваш вкус, модриот патлиџан прелијте го со сос халапењо и уживајте. Оваа комбинација совршено го дополнува вкусот на печено месо, посебно говедски стек, вели Благица.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!