5 Состојки и 5 минути за подготовка: Ефтина пита со јаболки – Најбрзиот и најлесен рецепт кој успева и на почетници

Вреди да се проба:

Доколку сте почетник во кујна, ова е вистинскиот рецепт за вас, да подготвите брза и едноставна пита од јаболки.

Најубави се оние колачи кои се прават брзо и со едноставни состојки. А во есен е најубаво кога ќе замириса домот на јаболко и цимет. Затоа направете ја оваа едноставна пита од само 5 состојки и ставете ја да се потпече. Можете да ја служите со варено вино или топло чоколадо.

- Advertisement -

Питата со јаболка е популарна низ целиот свет, а секоја на секоја територија се подготвува на свој единствен начин.

Ние ви претставуваме рецепт за припрема каде не ви е потребно многу труд и време.

Состојки:

  • 4 јаболки
  • 2 јајца
  • 50 гр шеќер
  • 100 мл млеко, на собна температура
  • 200 гр пченично брашно

Начин на подготовка:

Јаболните убаво измијте ги, исчистете и насечете ги на коцки. Ставете ги во сад и прелијте ги со малку лимонов сок. Во тава за печење ставете масло, убаво намаслете ја и истурете ги јаболките.

Во посебен длабок сад изматете јајца со шеќер, додадете млеко и добро измешајте со миксер.

Потоа постепено додадете го пресеаното брашно и повторно изматете со миксер. Добиената смеса истурете ја врз јаболките во плехот. Печете на 190 степени околу 40 минути.

Добар апетит! 

Извор: stvarukusa.mondo.rs

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!