Еве како да го вратите сјајот на вашата рамна плоча на шпоретот со помош на природни состојки.




Чистењето на плочата за многумина изгледа како многу полесна задача во споредба со класичните рингли, но и одржувањето на рамна плоча им задава главоболка на многу домаќинки, особено ако храната претекува и осатава дамки.




Наместо да купувате скапи хемикалии и производи за чистење, обидете се со природни средства. Користете само меки крпи и сунѓери, а жиците и стругалките треба да се избегнуваат. Овие природни средства за чистење се многу лесни за правење, а состојките веќе ги имате во вашето домаќинство.




1. Сода бикарбона
Во сад измешајте една лажица сол со една лажица сода бикарбона. Добро измешајте, па додадете една лажица вода и мешајте додека не добиете паста. Добиената смеса нанесете ја на сунѓер и со него исчистете ја плочата. Поминете преку неа со млака вода и чиста крпа и таа ќе заблеска како нова.




2. Лимон и сода бикарбона
Лимонот се покажа како моќно средство во борбата против мастите, а сода бикарбона е незаменлива состојка кога станува збор за чистење. На плочата или на ринглата посипете грст сода бикарбона, а потоа истријте го шпоретот со парче лимон.
Сода бикарбона ќе помогне да се отстранат мрсните дамки, а нема да ја изгребат површината. Кога ќе ги отстраните дамките, избришете го шпоретот со влажна крпа за да ги отстраните остатоците од сода бикарбона и лимон.




3. Алкохолен оцет
Измешајте алкохолен оцет и вода во сооднос 1: 2 и истурете во шише со распрскувач. Оваа смеса е одлична за чистење на шпоретот и рерната, а можете секојдневно да ја користите за чистење на кујнските елементи.




4. Паста за заби
Верувале или не, валканата рамна плоча лесно ќе се исчисти со обична паста за заби. Нанесете ја пастата на туф, памучна вата или марамче, лесно втријте ја површината на плочата и на крајот избришете ја со влажна крпа. Исклучително е ефикасен за отстранување на стврднати дамки од варено млеко, но и за отстранување на дамки од масло предизвикани при пржење.