Кога мислите на хормоналното здравје, што прво ви паѓа на ум? Таблети? Не треба, бидејќи постојат ефективни природни лекови.




Темата за балансирано хормонално здравје станува се поактуелна со текот на годините. Следат скапите лекови и бескрајните консултации со гинеколог. Веднаш обидете се да ја спречите потребата од лекови кои ги регулираат хормоналните промени, кои се јавуваат со текот на времето!




Еве три природни рецепти кои го стабилизираат лачењето на хормоните.
Топла вода со лимон
Топлата вода со лимон придонесува за слабеење, ги отстранува токсините од телото, го подобрува имунитетот, состојбата на кожата и варењето. Причината за тоа е што лимонот влијае на хормонот на ситост – лептин. Ако лептинот не е во рамнотежа, телото почнува да создава масни наслаги. Лимонот помага да се избегне дехидрација и го подобрува варењето.




- Рецептот е многу едноставен: исцедете сок од половина лимон во чаша топла вода и испијте го одеднаш. Утрото подобро ќе го започнете со овој напиток.
Чај од листови од малина
Листовите од малина долго време се користат за зајакнување на мускулите на матката. Научните истражувања потврдија дека ова растение поволно делува на работата на хормоните. Жените кои го пијат овој чај за време на бременоста немаат потешкотии за време на породувањето.
Рецептот е исто така едноставен: една лажица листови малина (може да се користат и суви) се прелива со 200 мл врела вода и се остава 10 минути. Не пијте го овој чај пред спиење, но подобро во текот на денот.




Златно млеко
Златното млеко го подобрува имунитетот и го балансира нивото на хормони во организмот. Овој пијалок загрева, освежува и смирува. Се состои од куркума, кокосово масло и засладувачи кои се корисна комбинација за регулација на хормоните и генерално благотворно делуваат на организмот.
Рецепт: во 200 мл врело млеко додадете половина лажичка куркума и една лажичка кокосово масло. Можете исто така да додадете мед по вкус. Овој пијалок е подобро да се пие навечер.




Препорачуваме утрото да го започнете со топла вода со лимон, во текот на денот да пиете чај од малини, а пред спиење да се почестите со топло златно млеко.