Ќофтиња од грав: За претстојните пости и прослави!

Вреди да се проба:

Нема подобар од овој рецепт за ќофтиња од грав.

Состојки:

за подлога од кромид

- Advertisement -
  • 500 гр кромид
  • 100 гр масло
  • 1 лажичка сол
  • 2 лажички мелена лута пиперка
  • малку ситно сечкан магдонос

за ќофтиња

  • 250 гр грав
  • 200 гр излупен праз
  • 50 гр масло
  • 1 јајце (опционо)
  • 1 лажица овесни трици (по избор)
  • 1,5 лажичка сол
  • 1 полна лажичка мелена слатка зачинета пиперка
  • малку ситно сечкан магдонос

повеќе

  • малку масло за подмачкување на рацете при формирање на ќофтиња
  • малку ситно сечкан магдонос, за сервирање

Подготовка:

Гравот се прелива со ладна вода и се остава 12+ часа да кисне. Ова најдобро се прави навечер пред да го подготвите оброкот, за гравот да има доволно време добро да набабри.

Истурете ја водата од гравот, прелијте го со нова вода и оставете да зоврие, па на тивок оган, полупокриено, додека не омекне целосно и додека зрната не почнат да се распаѓаат. Додека се вари гравот, подгответе се останато.

Прво ситно исечкајте голем куп листови свеж магдонос, па поделете на три дела. Едниот за основата на кромидот, другиот за самите ќофтиња и третиот за сервирање.

Кромидот се сечка на кришки. Загрејте 100 гр масло во плитка тава што може да влезе во рерна, ставете го кромидот и додадете една кафена лажичка сол. Пропржете го кромидот на средно-тивок оган додека да омекне и да стане „стаклен“, околу 15-20 минути. На самиот крај измешајте две лажички лута мелена пиперка (или слатка, ако не сакате лута) и магдонос. Оставете настрана.

Во друга помала тава загрејте 50 гр масло и врз него пропржете ситно сечкан праз со додавање 1,5 лажичка сол. Кога празот ќе омекне, додадете го сварениот и процеден грав, лесно изгмечете го, додадете зачинета пиперка, магдонос, јајце и трици (ако го изоставите јајцето, оставете ги триците) и сè убаво изгмечете. Убаво измешајте ја смесата, покријте ја со најлонска фолија, па оставете ја малку да се стегне во фрижидер.

Во шерпата со кромид се додава околу 150-200 мл вода и сето кратко се загрева на рингла. Со лажица се вадат топчиња од изладеното пире, со подмачкани раце лесно се формираат топчиња со големина на јајца и се спуштаат во шерпата со кромидот, па одозгора се прелева со малку од тој кромид. Треба да се добијат околу 12 парчиња тоа се поголеми топчиња а доколку сакате можетеда направите помали топчиња и ќе излезат многу. Префрлете го садот во рерна загреана на 200 ° C и печете околу 20 минути, додека ќофтињата малку не поруменат одозгора и сосот не се издинста. Послужете топло, посипете со ситно сечкан магдонос.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!