ЧОКОЛАДНА ТОРТА ОД 3 БОГАТИ СЛОЈА: Неверојатно сочно кремасто задоволство што ќе ви го разбуди умот!

Вреди да се проба:

Ова задоволство победува на првиот залак!

Љубителите на чоколадни задоволства ќе бидат воодушевени бидејќи е подобар од сладолед. Три слоја чоколадо, толку кремасто што се топи во устата. Лесно се подготвува, нема печење, а одлично е кога надвор е топло. Заборавете на корите за печење, десертите направени од филови веднаш ќе ве освојат.

- Advertisement -

Состојки:

За првиот слој:

  • 500 мл млеко
  • 3 лажици шеќер
  • 2 лажици брашно
  • 1 лажица пченкарен скроб
  • 2 лажици незасладено какао
  • 50 гр млечна чоколада
  • 1 лажица путер

За вториот слој:

  • 500 мл млеко
  • 3 лажици шеќер
  • 1 лажица пченкарен скроб
  • 50 гр бело чоколадо
  • 2 лажици брашно
  • ванилин шеќер
  • 1 лажица путер

За третиот слој:

  • 100 мл варено млеко
  • 150 гр темно чоколадо
  • 1 лажица путер

Подготовка:

Во млекото додадете шеќер, брашно, скроб и какао, па измешајте. Гответе додека не се згусне, мешајќи, па додадете го чоколадото. Гответе додека не се раствори и соединете со другите состојки. Додадете путер и продолжете да мешате.Истурете во сад и оставете во фрижидер или замрзнувач да се стегне.

За вториот слој. Измешајте млеко, шеќер, скроб, брашно и варете со постојано мешање. Додадете бело чоколадо и варете додека сè да се соедини, а потоа додадете путер. Гответе со постојано мешање додека сè не се стопи. Прелијте го овој фил врз првиот слој и вратете го во фрижидер еден час.

За третиот слој. Додадете го чоколадото во зовриеното млеко и мешајте додека не се растопи, а потоа додадете го путерот и соединете сè. Прелијте го ова врз вториот слој и вратете го во фрижидер половина час.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!