ЧЕСНИЦА погача: Слатка божиќна погача со ореви и мед за здравје и среќа!

Вреди да се проба:

Одамна е обичај да се замесува чесница на Божиќ. Според обичајот, домаќинката прва станува и прави традиционален леб во кој става паричка или златник.

Членовите на домаќинството го делат лебот меѓу себе, а на оној што ќе ја добие паричката го очекува плодна година.

- Advertisement -

Нема конкретна мерка, се зависи од тоа колку луѓе има.

Состојки:

  • приближно 1/2 кг брашно
  • 1-2 лажици масло
  • 3 прсти сол
  • малку шеќер
  • вода за да се замеси
  • 100 гр мед
  • 100 гр ореви

Подготовка:

Замесете тесто и во него ставете сребрена паричка или златник. Паричката треба да биде од сребро или злато, бидејќи е подарок за новородениот Исус Христос. Во подмачкана тркалезна тава ставете го лебчето.

Врзете три сламки (од слама, а не од пластика) со црвен конец во мало снопче и со тоа, како со три прста (како што се крстат православните) површината на лебчето се допира.

Печете на 200 ° C (или помалку во зависност од рерната) додека убаво не порумени. Кога ќе се испече, премачкајте го со уште врел мед во тавата, посипете со ореви сецкани и оставете да се излади.

Лебчето се меси на самиот ден на Божиќ и значи  чест, во чест на раѓањето на Исус Христос. Лебчето НЕ се сече со нож, туку се крши со рацете на масата. Кој ќе најде паричка – се верува дека ќе го следи к’смет и бериќет преку целата година.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!