Чај од МАЈОРАН: Ги смирува грчевите кај бебињата, го подобрува варењето и апетитот и многу други придобивки!

Вреди да се проба:

Прочитајте подолу за подготовка, начин на консумирање и придобивки од чајот од мајоран.

Состојки и подготовка:

- Advertisement -
  • 300 мл вода
  • 2 лажички сушен ситен мајоран

Се вари водата до зовривање а потоа се става количината на чај. Малку почекајте за да отстои чајот во водата а потоа може да се консумира.

Придобивки:

За да се подобри функционирањето на дигестивниот систем, мора да се испие 2-4 шолји чај од мајоран во рок од 2 часа. Пиењето чај од мајоран помага при следните симптоми:

  • Зголемување на ефикасноста на варењето
  • Смирување на желудникот и дигестивниот систем
  • Подобрување на апетитот
  • Против гадење
  • Отстранување на надуеност
  • Третман или превенција на основните цревни инфекции
  • Ги смирува болните грчеви во стомакот
  • Против дијареа
  • Против затвор

Чај од мајоран за бебиња:

Бебињата обично доживуваат состојби како што се кашлица и настинка, грип и инфекции на увото. Тие обично се изложени на висок ризик за инфекции бидејќи нивниот имунолошки систем сè уште не е целосно развиен. Чајот од мајоран долго време се користи за лекување на кашлица, грип, настинка и други инфекции кај бебињата. Бидејќи е во течна форма, мајоранот за бебиња може да се нанесе преку шише за хранење.

Поради позитивните ефекти врз дигестивниот систем, мајоранот за бебиња може да се користи и при грчеви и проблеми со дигестивниот систем кај бебињата.

За грчеви кај бебиња: во 100 мл зовриена вода се става половина лажичка мајоран во прав. Се остава да отстои околу 10 минути, па се цеди и се дава на бебето по една лажичка, по 2-3 лажички неколку пати на ден.

Важно: Пред употреба да се консултирате со вашиот педијатар пред да додадете чај од мајоран во исхраната на вашето бебе.

Исто така мајоранот ги ублажува менструалните проблеми и го намалува воспалението. Мајоранот е ароматично лековито растение кое се користи во медицината првенствено за подобрување на варењето и намалување на менструалните проблеми. Тоа е важна состојка во медитеранската кујна и еден од омилените зачини што влегуваат во супи, салати и јадења со месо. Слично е на ориганото, но има малку поблаг вкус. Се користи и сушено и свежо.

Можни несакани ефекти и кој не треба да го консумира

Бремените или доилките треба да избегнуваат мајоран во која било форма. Поради силното влијание на различните репродуктивни хормони и менструацијата, ова растение може да предизвика негативни несакани ефекти за време на бременоста. Исто така, некои состојки од него може да предизвикаат проблеми со згрутчувањето на крвта.

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!