ТУНА САЛАТА: Се приготвува за 5 минути, па е одлична за сите оние кои брзаат!

Вреди да се проба:

Салата со туна се подготвува за 5 минути.

Ако постите во среда и петок или само кога е жешко, сакате лесни оброци, тогаш оброкот со салата од туна нека биде ваш избор. Богат е со зеленчук, а добро е познато дека авокадото позитивно влијае на нашиот организам. Не само што го намалува холестеролот, туку и ви помага да изгубите тежина. Тоа значи дека салатата е одлична дури и ако следите одредена диета.

- Advertisement -

Состојки:

  • 3 мали лименки туна во масло
  • 1 краставица
  • 1 мал виолетов кромид
  • 2 авокада
  • 2 лажици масло
  • сок од 1 лимон
  • 1/2 китка коријандер или магдонос

Подготовка:

Краставицата, кромидот и авокадото исечкајте ги, па измешајте и додајте ја туната која претходно добро сте ја исцедиле.

Додадете сол и бибер, а потоа додадете сечкан коријандер или магдонос. Зачинете со масло и сок од лимон и вашата салата е готова.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!