Топчиња од КОМПИР СО СУСАМ: Брзо се прават и брзо исчезнуваат од трпезата!

Вреди да се проба:

Сите сакаат слатки, но и солените топчиња се одлични, особено ако се направени од компири.

Солените топчиња се исто толку вкусни како и слатките, а гостите ги обожаваат. Одлично предјадење кое можете да го послужите на празнична трпеза со домашна сланина и сирење. Топчињата се вистинско уживање за грицкање, а доколку не сакате да го апсорбираат вишокот масло, прочитајте што треба да направите. Мезе кое лесно се прави и гостите ќе бидат воодушевени.

- Advertisement -

Состојки:

  • 4 компири
  • 1 лажица оризово брашно
  • 1/2 лажица пченкарен скроб
  • 40 гр рендано сирење
  • 1 лажичка сол
  • сусам

Подготовка:

Излупете го и варете го во вода компирот 20 минути. Процедете, па додадете го оризовото брашно, скробот, сирењето и убаво измешајте.

Формирајте топчиња, па потопете ги во вода и потоа потопете ги во сусам. Се пржат во масло додека да пожолтат. Потоа извадете ги на хартиена крпа и оставете да се исцедат од вишокот маснотии.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!