Топла вода со куркума наутро : Неверојатно добар напиток за организмот!

Вреди да се проба:

Сите се трудиме да консумираме здрава храна, но често не сме ни свесни колку силно може да влијае на нашето тело и колку може да придонесе за нашето здравје.

Освен што куркумата е еден од најкорисните зачини, кој на јадењата им дава одлична арома и боја, го лекува и организмот, бидејќи има антивоспалителни, антиоксидантни и подмладувачки својства.

- Advertisement -

Главната состојка одговорна за сето ова е куркуминот. Благодарение на него, водата со куркума е еден од најлековитите напитоци, кога често ја нарекуваат и еликсир на здравјето.

Состојки:

  • 0,5 лажички куркума
  • 1 чаша топла зовриена вода (може да се користи топло млеко).

Подготовка:

Истурете куркума во чаша вода и промешајте. Пијалокот се пие во првиот дел од денот. Пред, или после појадок. Можете да додадете прстофат бибер, за смесата добро да се впие. Пијте го овој напиток 2 недели, а потоа направете пауза (2 недели). Дури и ако додадете малку лимон и мед на овој напиток, тој ќе биде полн погодок за превенција и третман!

Позитивен ефект врз организмот:

  • Здравје на срцето. Куркуминот го спречува создавањето на згрутчување на крвта.
  • Подобрување на варењето. Го нормализира варењето и го забрзува метаболизмот.
  • Заштита на црниот дроб. Ги поправа оштетените клетки.
  • Ги ублажува симптомите на артритис. Го намалува отокот и ја ублажува болката подобро од диклофенак.
  • Превенција од рак. Познато е дека ракот најдобро се развива во кисели средини, а куркумата го алкализира телото и на тој начин го штити вашето здравје.
  • Позитивно влијае на здравјето на луѓето со дијабетес
  • Студија од 2009 година на Универзитетот во Обурн покажа дека куркумата може да го подобри општото здравје на луѓето со дијабетес.

Важно: Иако куркумата е позната како природен антибиотик, постојат контраиндикации за употребата на напитокот, па затоа пред да почнете да го консумирате напитокот – консултирајте се со вашиот лекар.

Доколку земате било каков лек, консултирајте се и со вашиот лекар. Особено ако страдате од хемофилија и хипертензија, бидејќи куркумата ја разредува крвта и го намалува крвниот притисок, иако за повеќето тоа ќе биде само голем плус. Но, освен што го намалува крвниот притисок, куркумата може да предизвика и пад на нивото на шеќер во крвта.

Луѓето кои страдаат од дијабетес мора да се консултираат и со својот лекар. Но, што е навистина опасно – консумирајте куркума доколку имате заболување на жолчното кесе и камења во него, бидејќи куркумата предизвикува контракција на мускулите на жолчното кесе.

Куркумата е исто така контраиндицирана:
– во големи дози за време на бременост и кај болести на гастритис и чир на желудникот
– деца под 5 години

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!