СЛАТКО ОД БОРОВИНКА: Направено е од 3 состојки – рецепт што ќе ви го побараат сите соседи!

Вреди да се проба:

Воодушевете ги гостите кога ќе им послужите десерт од боровинки со нивното кафе.

Сезоната на боровинки е во полн ек, па искористете ја за да направите вкусен десерт во кој ќе уживате цела зима. Покрај состојките ќе ви треба и малку трпение, но трудот на крајот се исплати.

- Advertisement -

Состојки:

  • 1,5 кг боровинки
  • 1 кг шеќер
  • 1,5 лимон

Подготовка:

Добро измијте ги боровинките, па оставете ги да се исцедат. Во голема тава истурете слој шеќер, слој боровинки. Завршете со шеќер. Малку протресете ја тавата за шеќерот добро да се распореди насекаде. Покријте го тенџерето и оставете го да отстои преку ноќ, или барем 5 часа, за да се ослободи сокот.

Следниот ден ставете ги боровинките да се варат на умерена температура. Нема потреба од додавање вода, бидејќи тие го испуштиле својот сок. За време на готвењето, повремено нежно протресете ја тавата или многу нежно промешајте, за да не изгорат боровинките на дното. Исто така, редовно отстранувајте ја пената која ќе се издигне на површината.

Гответе околу половина час до еден час. Кога сирупот ќе стане густ како мед, односно кога ќе поминете со лажицата низ слаткото и ќе го видите дното на тавата, тогаш е готово. Потоа исклучете го шпоретот, но оставете го слаткото врз него.

Додадете парчиња лимон и измешајте. Оставете го уште малку додека не се излади ринглата. Топлото слатко истурете го во стерилизирани тегли, цврсто затворете и завиткајте во крпа. Оставете го слаткото целосно да се излади и чувајте го во шпајз. По отворањето, теглата со слатко чувајте ја во фрижидер.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!