СВЕЧЕНА САЛАТА ЗА НОВОГОДИШНА НОЌ: Направена од пилешко, компири и сирење и лесна за украсување!

Вреди да се проба:

Направете празнична салата од вашите омилени состојки, како што се компири, пилешко и сирење.

Оваа празнична салата ќе ја збогати секоја празнична трпеза. Вкусот е фантастичен, а за да изгледа толку убаво не ви треба ништо повеќе од калап за торта. Оваа украсна салата ќе им се допадне на сите, а вие ќе ја послужите со некое друго мезе.

- Advertisement -

Состојки:

  • 3 јајца
  • 3 компири
  • 1 морков
  • 1 кромид
  • 20 мл оцет
  • 2-3 кисели краставички
  • 3-4 маслинки
  • 250 гр чадено пилешко
  • 200 гр чадено сирење
  • мајонез

Подготовка:

Исечкајте го кромидот, па ставете го во сад и прелијте го со оцедот и водата. Оставете неколку минути. Потоа на дното на калапот ставете рендан компир, слој мајонез и мариниран кромид (пред тоа исцедете го).

Потоа ставете сечкано пилешко, па слој мајонез. Потоа додадете ги сечканите кисели краставички и ренданиот морков, па слој мајонез. Изрендајте го сирењето, па слој мајонез и изренданите јајца.

Покријте со проѕирна фолија и ставете го во фрижидер преку ноќ. Украсете со сечкани маслинки, магдонос и калинка.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!