СВЕКРВИНО ОКО: Вкусни бомбици со уникатно име!

Вреди да се проба:

Бомбици со уникатно име. Освен што ќе ви го привлечат вниманието со своето име исто така ќе ве воодушеват со својот вкус.

Состојки:

  • 30 парчиња суви смокви
  • 200 гр шеќер
  • 150 гр путер
  • 200 гр мелени ореви
  • 200 гр мелен бисквит
  • 2 лажички црно кафе сварено
  • 1 рака јатки од ореви
  • 1 кесичка кокос

Подготовка:

Смоквите потопете ги во млака вода 15 минути. Сварете ги шеќерот, водата и путерот додека ги подготвувате оревите и бисквитите. Кога смесата со шеќер ќе се карамелизира, додадете ги оревите и бисквитот и варете неколку минути мешајќи додека сè убаво не се измеша.

- Advertisement -

Оставете го убаво да се излади, а во меѓувреме излупете ги смоквите од нивната кора и наполнете ги со цели ореви. Кога смесата ќе се олади, смоквите завиткајте ги во смесата како топче и потоа извалкајте ги во кокосот.

Оставете да се изладат. Пред послужување, исечете ги топчињата на половина и послужете така. При послужување за да спречите смесата да се залепи за вашите раце, повремено намачкајте ги со вода. Овие колачи се одлични за замрзнување и може да се чуваат во замрзнувач 1,5 месец. Само извадете ги 2 часа пред послужување.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!