Салата од пиперка со овчо сирење: Одлично мезе или додаток на ручекот!

Вреди да се проба:

Салатата од пиперка со овчо сирење е одлично мезе или додаток на ручекот.

Состојки:

  • 2 поголеми печени црвени пиперки
  • 3 чешниња лук
  • 200 гр овчо сирење
  • 1 сува лута пиперка
  • 3 лажици масло
  • сол по вкус

Подготовка:

Печените пиперки излупете ги па исецкајте ги ги ситно. Лутата сува пиперка ситно исечкајте ја исто така.

- Advertisement -

Сирењето издробете го со вилушка, а потоа додадете ги пиперките и ситно сецканиот лук. Додадете масло по вкус и измешајте се убаво.

Пред сервирање, ставете во фрижидер да се олади малку.

Оваа салата е одлично мезе пред ручек а и одличен додаток на ручекот.

Добар апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!