РУЧЕК ЗА ДЕНЕС: МОНАШКО ВАРИВО од рерна – посно или мрсно, одлучете сами!

Вреди да се проба:

Монашка чорба од манастирот Рукумија има своја посна и мрсна варијанта, а на вас е да одлучите како ќе ја приготвите.

Состојки:

Мешавина за ќофтиња:

- Advertisement -
  • 500-700 грама мелено месо
  • 1 кромид
  • 2 јајца
  • 3 лажици презла
  • Сол, суви зачини, бибер, магдонос, лук, зачинет црвен пипер.

Основа за монашката чорба:

  • 2 глави кромид
  • 1 морков
  • 1 пашканат
  • 1 пиперка
  • 2 домати
  • 1/4 зелка
  • 300 гр. леќа
  • 250-300 мл. сос од домати
  • Сол, суви зачини, бибер, ловор, масло
  • Масло за посипување и 2 лажици брашно и 1 лажица зачинета црвена пиперка.

Подготовка:

Најпрво направете ќофтиња (ако не постите) од месо, кромид, лук, јајца, зачини и презла. Пропржете ги ќофтињата и оставете ги на страна.

Направете ја основата за чорбата така што ќе ги пржите кромидот, морковот и црвената пиперка. Доматот исечкајте го на мали парчиња, а потоа исецкајте ја зелката на парчиња. Додадете ги сечканите домати и зелката, па сосот од домати и оставете се да врие 10 минути. Додадете ги зачините.

Во огноотпорен сад ставете ја измиената леќа, па пржениот зеленчук и се прелијте со вода за да се засити смесата. Ставете во рерна да се пече на 200 Целзиусови степени.

Извадете ја чорбата од рерна по еден час, а потоа запржете ја со брашно и црвена пиперка. Доколку сакате мрсна варијанта на ова јадење, додадете ги ќофтињата во манџата и повторно ставете ја во рерна да се испече убаво околу 10 минути.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!