РУЧЕК ЗА ДЕНЕС: Евтина чорба од колбас со неодолив вкус по рецепт на познат готвач!

Вреди да се проба:

Во продолжение дознајте како ефтино и лесно да направите вкусна чорба од колбас!

За една од омилените класици на сите маси ви го пренесуваме рецептот на познатиот готвач Роман Паулус, чија вештина и умешност е наградена со Мишелин ѕвезда. Оваа брза верзија на чорба од колбаси со компири не е воопшто комплицирана за правење, а ќе уживате во вкусен оброк кој воопшто не чини многу.

- Advertisement -

Потребни состојки:

  • 300 гр кромид
  • 500 гр колбас
  • 3 супени лажици масло
  • 4 чешниња лук
  • 100 гр домати
  • 2 лажици слатка пиперка
  • 1 литар пилешка супа
  • 300 гр компири
  • чили по вкус
  • 1 лажичка мелен ким
  • 150 мл вода
  • 2 лажици брашно

Подготовка:

Кромидот исечкајте го и пропржете го на масло, па додадете го колбасот кој претходно е излупен од лушпата и ситно исецкан, па пропржете уште 5 минути.

Потоа додадете сечкан лук и пржете уште 5 минути. Потоа додадете го доматниот сос и измешајте. По 2 минути додадете слатка пиперка и мелен ким и промешајте.

Внимавајте да не изгори слатката пиперка. По 2 минути, истурете ја супата и сецканите компири. Покријте и варете 10 минути. Потоа во сад измешајте ги водата и брашното, па истурете ги во останатите состојки кои се варат. Додадете сол, бибер и измешајте. Гответе уште 10 минути и послужете.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!