РОЛНИЧКИ СО СИРЕЊЕ: Крцкави и богати со фил – готови за 15 минути без разлика дали ги печете во рерна или во тава!

Вреди да се проба:

Едноставен и брз рецепт за појадок или ужина од обичен пита леб, сирење и урда.

Кифлички со сирење од готови кори или пита леб се одличен избор за појадок. Наместо свежо сирење, можете да додадете шунка, домати и зелен кромид. Може да се печат во рерна или да се пржат во тава, но како и да одберете, ќе бидат готови за кратко време.

- Advertisement -

Состојки:

  • 250 гр крем сирење
  • 200 гр урда
  • 2 јајца
  • сол, бибер
  • 200 гр готови кори
  • сецкан зеленчук: магдонос, копар, млад кромид

Подготовка:

Измешајте го крем сирењето со свежа урда, јајца. По желба додадете сецкан зеленчук. Додадете бибер и сол (ако сирењето не е солено). Корите исечкајте ги на правоаголници.

Намачкајте го филот врз нив, и потоа извртете ги во кифлички. Пржете ги во тавче кратко време или можете да ги премачкате со жолчка и печете во рерна на 180 степени 15 минути додека не поруменат.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!