РОЛАТ СО АЈВАР: Декоративно и вкусно предјадење!

Вреди да се проба:

Ролат со ајвар е супер идеја за мезе. 

Состојки:

Кора:

- Advertisement -
  • 5 жолчки
  • 5 лажици брашно
  • 1 кесичка за пециво
  • малку сол
  • 200 гр павлака
  • 4 полни лажици ајвар
  • 5 белки изматени во снег

Фил:

  • 200 гр кисела павлака
  • 400 гр. фета сирење
  • 3 чешниња лук (ситно сецкани)

Подготовка:

Соединете ги жолчките, брашното, прашокот за пециво, солта, 1 павлака, ајварот и на крајот додадете ги изматените белки. Убаво измешајте ја смесата и ставете ја во подмачкан плех. Печете на 200 степени додека не почне да се двои кората. Кога ќе се испече кората извадете ја и свиткајте во ролна па замотајте ја во крпа.

Додека се олади ролатот направете го филот. Соединете ги сите состојки и убаво измешајте. Потоа одмотајте ја кората, премачкајте ја со филот и повторно замотајте во ролат. Украсете по желба.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!