ПОЛНЕТО ПИЛЕ СО ПЕЧЕНИ КОМПИРИ: Богат фил од печурки и печеница, а месото е толку меко што се рони!

Вреди да се проба:

Полнето пилешко не бара многу повеќе време за подготовка од класичниот рецепт.

Омилено јадење веќе традиционално во многу домаќинства, кое е вообичаен избор за семеен ручек, е печено пилешко со компири. Ако веќе сте малку уморни од класичниот, овој рецепт е малку поинаков. Полнето пилешко кое лесно се подготвува и ќе биде вистинско освежување на вашата трпеза.

- Advertisement -

За подготовка не е потребно многу повеќе време од класичен рецепт, а штом ќе подготвите вакво пилешко, класичното печено пилешко веројатно ќе биде минато на кое нема често да се враќате при готвењето.

Состојки:

  • 1 цело пилешко (околу 2,5 кг)
  • 3 парчиња леб
  • 200 гр печеница
  • 200 гр печурки
  • 2 лажици масло
  • 1 кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 грст магдонос
  • половина чаша млеко
  • сол, бибер
  • 500 гр компири

Подготовка:

Измијте го и посолете го пилешкото. Потопете го лебот во млеко, а потоа исцедете го вишокот млеко. Печеницата, печурките, кромидот, лукот и магдоносот се сечкаат ситно, па се додаваат во лебот.

Измешајте сè заедно, а потоа додадете бибер и зачини по вкус. Наполнете го пилешкото со подготвената смеса, па затворете го со кујнски конец или стапчиња за ражен за да не истече полнењето при печењето.

Ставете го во плехот за печење, а потоа подмачкајте го и прелијте го пилешкото со 100 мл вода. Загрејте ја рерната на 200 степени и печете го пилешкото час и половина.

На средина на печењето внимателно превртете го за да се испече убаво од двете страни и да добие крцкава кора и додадете ги компирите исечени на поголеми кришки.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!