ПОЛЖАВ ПИТА ОД ГОТОВИ КОРИ: Со фил од павлака, јогурт и фета сирење – едноставна и лесна подготовка!

Вреди да се проба:

Нема ништо подобро од пита со врело сирење за појадок.

Некогаш е доволно само да се смени начинот на наредување на кората за да биде поинаква питата. Затоа ви носиме рецепт за пита полжав кој е вкусен, брзо се подготвува и сигурно ќе ги задоволи сите.

- Advertisement -

Состојки:

  • 1 пакување готови кори
  • 250 гр фета сирење
  • 180 гр кисела павлака
  • 150 гр грчки јогурт
  • 100 гр крем сирење
  • 1 јајце
  • 2 лажици масло + масло за посипување на кората

Подготовка:

Измешајте фета сирење, крем сирење, павлака, јогурт и јајце. Сето добро изматете со миксер за да добиете фил.

Секоја кора посебно попрскајте ја со вода и масло, а потоа додајте го филот на едниот крај и свиткајте во круг. Секоја кора расукајте ја посебно, па наредете ги во круг додека не ги потрошите сите кори.

Кога ќе завршите, одозгора наросете уште малку вода и масло и покријте со уште малку фил ако ви остане. Се пече во загреана рерна на 200 степени околу половина час.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!