Салата од пилешко – добредојден гостин на секоја маса.
Пилешкото месо е едно од најчесто користените во јадењата, бидејќи не бара многу време за обработка, а лесно се комбинира со друга храна. Одличен е во салати како руска, а ако на белото месо додадете кикиритки и кисели краставички, заедно со павлака и мајонез, ќе добиете совршено кремаста салата која одлично оди со кифлички.
- Advertisement -
Состојки:
- околу 500 гр пилешко бело месо
- 10 корнишони
- 200 гр печени солени кикирики
- 200 мл кисела павлака
- 100 гр мајонез
- 1 кафена лажичка сенф
- малку сол, бибер
Подготовка:
Сварете го пилешкото и ситно исечкајте го. Исечкајте ги и корнишоните, а во блендер (но крупно) кикириките. Соединете се, додадете павлака, мајонез, сенф и зачини. Оставете во фрижидер малку да се излади пред да ја послужите.
Пријатно!