ПИВТИИ МАФИНИ СО ВАРЕНИ ЈАЈЦА: Поинаков начин на подготовка на традиционално јадење – ќе уживате во вкусот!

Вреди да се проба:

Доколку сакате пивтии и варени јајца, тогаш овој рецепт е одличен за вас.

Совршената домаќинка знае да подготви старо јадење – пивтии. Најчесто се служат на прослави, а сега ги модернизираат и прават како мафини. Доколку им додадете варени јајца, ќе добиете фантастично мезе на кое никој нема да може да одолее. Рецептот во основа е ист, само што се ставаат во калап за мафини и секако покрај месото се додаваат јајца.

- Advertisement -

Состојки:

  • 1 свински бут
  • 1 свинско стебло
  • 400 гр свинско кари
  • 1 морков
  • 1 кромид
  • 6 чешниња лук
  • 1 лажичка сол
  • 2 ловорови листови
  • 1 лажичка зрна бибер
  • 3 јајца
  • малку зачин

Подготовка:

Ставете го месото во шерпата, па прелијте со водата. Оставете го вака преку ноќ за да се исчисти што подобро. Потоа истурете нова вода и варете додека не зоврие, а потоа отстранете ја пената.

Намалете ја температурата и додадете го целиот кромид, чешнињата лук, сол, бибер, морков што сте го преполовилe. Гответе уште 4-5 часа. Исецкајте го месото и процедете ја супата. Во калап за мафини ставете ги исечканите јајца, сечканото месо и прелијте ја супата.

Отстранете ја маснотијата со крпа пред да ја истурите супата. Се лади на собна температура, а потоа се става во фрижидер преку ноќ. Украсете со зачин.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!