НАЈДОБАР РЕЦЕПТ за СОВРШЕНИ ТУЛУМБИ: Стар рецепт!

Вреди да се проба:

Направете ги тулумбите по овој рецепт. Ќе бидат крцкави однадвор, меки одвнатре и нема да впијат масло.

Состојки:

  • 300 гр. брашно
  • 300 гр. вода
  • 50 гр. маст
  • 6 јајца
  • 1 кгр. и 200 гр. шеќер
  • 1 литар вода
  • малку сок од лимон
  • масло

Подготовка:

Од 1 литар вода и 1 кгр. и 200 гр. шеќер сварете го најпрво шербетот и тоа да биде погуст и ставете во него сок од лимон.

- Advertisement -

Ставете ја водата на оган со маста да зоврие и постепено додавајте го брашното. Откако зоврие убаво, тргнете го од оган и оставете го малку да се олади. Потоа додавајте ги едно по едно сите јајца и месете додека не добиете мазно тесто.

Ставете на оган маслото да се загрее и низ шприц за тулумби спуштајте ги тулумбите во маслото да се испржат. Готовите тулумби вадете ги со решеткаста лажица и веднаш ставајте ги во шербетот. Провалкајте ги од сите страни во шербетот и редете ги во поголема чинија. Уживајте во насладувањето.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!