Највкусната домашна БОЛОЊЕЗЕ ЛАЗАЊА со готови кори: Домати, кашкавал и бешамел сос

Вреди да се проба:

Пригответе ја највкусната болоњезе лазања и изненадете ги најмилите.

Потребни состојки:

  • 300 гр готови кори за лазања

За Болоњезе сос:

- Advertisement -
  • 1/2 кг мелено месо
  • 800 гр конзервирани домати (пелати или доматно пире)
  • 1 морков
  • 1 главиц кромид
  • 4 чешниња лук
  • 150 мл. црвено вино
  • 1 лажичка оригано
  • 1/2 лажичка цимет
  • 1 прстофат мелен црн бибер
  • сол
  • 1 лажица масло

За Бешамел сос:

  • 1/2 л. пресно млеко
  • 2 лажици брашно
  • 2 лажици путер
  • 1 прстофат бел бибер
  • сол
  • 100 гр. кашкавал
  • 2 гранчиња босилек

Начин на подготовка:

Прво се подготвува болоњезе сосот. За таа цел, кромидот и морковот се сечат на мали коцки и се пржат во 1 лажица врело масло, заедно со мелениот лук (4 чешниња). Откако ќе омекнат, додадете го меленото месо (1/2 кг) и мешајте додека не добие златна боја и не се распадне месото.

Потоа додадете ги конзервираните домати, заедно со нивниот сок и истурете 150 мл. црвено вино. Зачинете го сосот со сол, бибер, оригано и цимет и динстајте на тивок оган околу 40 минути или додека не испари речиси целата течност.

Откако ќе се подготви болоњезе сосот, започнете со редење на корите за лазања така што најпрво ќе ги наредите на дното на правоаголна тава и штом ќе го покријат дното, се преливаат со готовиот болоњезе сос. Потоа следува уште еден ред кори и повторно болоњезе сос. Ова се повторува додека не се исцрпат количините, и важно е да се заврши со кори од лазања.

Лазањите на крај се преливаат со бешамел сос, кој се подготвува на следниов начин: во длабока тава пропржете го малку брашното во стопен путер (2 лажици) за една минута. Потоа додадете го млекото (1/2 литар) полека и со постојано мешање.

Динстајте на тивок оган додека не се згусти смесата. Зачинете со сол и мелен бел бибер. Истурете ја смесата преку лазањата и ставете ја да се пече во рерна на 180 степени. Печете околу 40 минути или додека се оформи убаво заруменета коричка. Кога ќе се прободе со вилушка или стапче и ќе приметите дека корите на лазања се целосно меки.

Непосредно пред лазањите да бидат целосно готови, обилно посипете со рендан кашкавал (100 гр) и вратете ги во рерна да се стопи и позлати кашкавалот.

Лазањите се сервираат топли, се сечат на квадратни коцки, а по желба се украсуваат со свежи и миризливи стапчиња од босилек.

Добар апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!