Наместо класичната, направете сосема различна САЛАТА ОД ЗЕЛКА: Одлично се вклопува во празничната трпеза, а кремастиот вкус освојува!

Вреди да се проба:

Салатата од зелка која ќе ја прелиете со оцет е веќе класика, сега направете ја оваа со варени јајца и мајонез.

Нема човек кој не сака да јаде салата од зелка и малку рен во комбинација со печено месо. Сега наместо класичната, направете салата од зелка со варени јајца и мајонез.

- Advertisement -

Оваа салата ќе стане хит на прославите, но можете да ја послужите и за ручек со малку месо како сланина.

Состојки:

  • 600 гр свежа зелка
  • 2-3 топени сирења
  • 3 варени јајца
  • млад кромид
  • 3-4 чешниња лук
  • мајонез
  • со, шеќер, црн пипер

Подготовка:

Изрендајте ја зелката и посолете ја. Изрендајте ги и сирењето и варените јајца. Оставете на страна една жолчка за декорација.

Младите кромидчиња исечкајте ги, а лукот ситно исечкајте го. Измешајте ги сите состојки, а потоа додадете сол и бибер. Соединете ги состојките и додадете мајонез.

Од добиената смеса во садот направете полутопка, долниот дел украсете го со млад кромид, а врз него изрендајте ги жолчките.

Декорирајте и послужете. Пријатен апетит!

Во продолжение погледнете го видеото како се приготвува оваа салата.

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!