НАМЕСТО КАФЕ, СЕКОЕ УТРО ЗАПОЧНЕТЕ СО ОВОЈ НАПИТОК: Го забрзува метаболизмот, ја регулира работата на цревата, и богат е со витамини!

Вреди да се проба:

Поволно делува на целокупното здравје на организмот.

Во последниве години често слушаме колку е важно правилното функционирање на цревата за целокупното здравје на нашиот организам, а клучниот збор што се споменува во таа прилика е пробиотиците. По дефиниција, пробиотиците се живи микроорганизми кои имаат корисен ефект врз дигестивниот систем, како и врз имунолошкиот систем.

- Advertisement -

Рамнотежата на цревната микрофлора е важна не само за да се избегне надуеност, гасови, запек и дијареа, туку и за сите други аспекти на нашето здравје. Главната состојка на овој пијалок е кефирот кој е богат со пробиотици, но и со калциум, витамин Б12 и фосфор. Затоа поволно делува на целокупната состојба на организмот.

Ако започнете со овој напиток секое утро, наместо кафе, телото ќе ви биде благодарно. А еве го рецептот:

Состојки:

  • 2 чаши кефир
  • 1 чаша излупена и сечкана краставица
  • 1/4 чаша свежи листови коријандер
  • сок од еден лимон
  • 1/2 лажичка мелен ким
  • прстофат сол

Подготовка:

Сите состојки наведени погоре ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете изедначена смеса. И тоа е подготовката. Пијте го овој пијалок на сабајле пред да јадете било што.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!