МОЖЕ ДА СЕ СПОРЕДИ СО ГИБАНИЦА КОЛКУ Е ДОБРА: Еве како се прави тиропита – пита со фета сирење!

Вреди да се проба:

Пробајте ја и оваа верзија на питата со сирење што ја прават претежно со фета.

Доколку ја сакате грчката кујна, тогаш не се сомневаме дека ќе ви се допадне и оваа пита. Може да одговара на вкусот на нашата традиционална пита – гибаница. Тиропита е грчка пита со фета сирење што може да се јаде за појадок, вечера или ужина. Грците јадат фета сирење на различни начини, но го ставаат и во многу јадења. Често е на нивното мени, а ако сакате додадете и спанаќ.

- Advertisement -

Состојки:

  • 500 гр кори
  • 300 гр млеко
  • 150 гр јогурт
  • 500 гр фета сирење
  • 2 средни јајца
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1/4 лажичка бибер
  • 100 мл кисела вода
  • 50 мл маслиново масло
  • 1 лажичка сол
  • сусам

Подготовка:

Корите исечкајте ги на ленти и оставете цели 8 кори. Исецкајте ја фетата, па додајте млеко, јогурт, прашок за пециво, јајца и бибер. Промешајте. Измешајте кисела вода со маслиново масло и додадете сол.

Тавата за печење подмачкајте ја со масло, па наредете ја по сите рабови со кората (вкупно 4), но така да го покрие дното на плехот, но и кората да штрчи од плехот. Секоја кора посипете ја со кисела вода и маслиново масло. И оние краеви што штрчат од плехот. Преку него се ставаат ленти од кората и малку се посипува со масло и оцет. Истурете го филот и распоредете.

Покријте со корите кои штрчат од плехот и секоја посипете ја со малку кисела вода и масло. Потоа ставете ги преостанатите 4 кори, една по една и секоја посипете ја со масло и кисела вода. Секоја кора убаво наредете ја. Посипете со сусам и прободете ја целата пита со стапче за ражен. Се пече во загреана рерна на 180 ° C околу 50-60 минути.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!