Маринирани тиквички: Вкусна зимница за секоја пригода!

Вреди да се проба:

Може да се сервираат како предјадење или прилог со главното јадење, одлично одат со секоја комбинација.

Состојки:

  • 800 гр млади тиквички
  • 1 грст магдонос
  • 2 лажички рузмарин
  • 8 чешниња лук
  • 2 дл маслиново масло
  • 2 дл сончогледово масло
  • 1 дл оцет
  • 15 гр лук во гранули

Подготовка:

Измијте ги тиквичките, не ги лупете, извадете им ги краевите, па исечете ги на прстени. Истријте го секој прстен со малку сол, ставете ги на една крпа, потоа покријте со друга за да ја впие течноста што ќе се ослободи. Оставете да отстојат околу дваесет минути.

- Advertisement -

Загрејте ја рерната на 200 степени. Обложете плех со хартија за печење, наредете ги тиквичките и печете 15-20 минути.

За маринадата, измешајте го сецканиот лист магдонос, рузмарин, масло и оцет, потоа додадете сол и бибер по вкус (додадете лук во гранули ако сакате). Исечете го лукот, а потоа додадете го во маринадата.

Измешајте ги печените тиквички со маринадата и оставете да отстојат неколку часа на студено. Наредете ги во топли тегли, затворете ги и чувајте ги на ладно место.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!