МАКРОНС со нутела – Омилените француски колачиња на кои не може да им се одолее

Вреди да се проба:

Совршен лесен француски десерт кој се истакнува со својата софистицираност.

Состојки:

За тесто:

- Advertisement -
  • 100 гр белки
  • 80 гр брашно од бадеми
  • 30 гр многу ситно мелени лешници
  • 165 гр шеќер во прав
  • 60 гр ситно гранулиран шеќер

За крем:

  • 200 гр слатка павлака со 35% масленост
  • 150 гр темно чоколадо
  • 3 лажици Нутела

Подготовка:

Во сад за блендирање ставете ги брашното од бадеми, лешниците и шеќерот во прав, па блендирајте со пулсирање неколку пати за добро да се измешаат. Оставете ги на страна.
Ако немате ситен кристален шеќер, тогаш делумно сомелете го во блендер, не да стане прав, туку на поситни кристали.

На два плеха од рерната ставете хартија за печење на која со округла модла ќе исцртате од задната страна кругови со пречник 2,5 цм, на мегусебно растојание од 2,5 цм.

Во еден среден иноксен сад ставете ги белките и почнете да ги матите со миксер. Кога ќе се разматат во пена како мек снег, лажица по лажица додавајте го ситниот шеќер и матете додека не добиете цврста, сјајна структура. Не претерувајте со матење, бидејќи така многу воздух ќе има во смесата, премногу ќе се дигнат во печењето и коричката ќе се оддели од внатрешноста.

Во смесата од бадеми наеднаш додајте ја подготвената смеса од бадеми, лешници и шеќер во прав. Со шпатула десетина пати енергично промешајте, а потоа мешајте со превртување на смесата, одоздола нагоре додека добро не се соединат сите состојки. Внимавајте да не ја премешате бидејќи премногу ќе се втечни и ќе ви се разлева.

На врвот на најлон кесичка ставете продолжеток од шприц со отвор 1 цм во пречник, наполнете ја кесичката со целата смеса за тесто, затворете ја, па истиснувајте од смесата на одбележаните кругови. Кога се наполнети плеховите, удрете го плехот од работната површина еднаш до двапати, за да се израмни површината и да се пополнат одбележаните кругови.

Оставете да се сушат 30-60 минути на собна температура. Така горната површина ќе се засуши и подобро ќе се формира основата. Добри се кога не се лепливи на допир.

Загрејте ја рерната на 180 степени. Непосредно пред да го ставите плехот во рерна, намалете ја температурата на 160 степени. Печете ги 12-15 минути. После 12 проверете, пробајте да го занишате горниот дел, ако е цврст за основата, готови се. Ако сеуште се меки допечете ги уште 2–3 минути.

Повторете ја истата постапка и со другиот плех.
Оставете да се оладат во плехот 5 минути. Ако потоа не ви се одделуваат од хартијата, прснете малку вода под хартијата, тоа ќе помогне.

За филот, искршете го чоколадото во еден средно голем сад. Додајте ја и нутелата. Загрејте ја слатката павлака скоро до вриење, па прелејте ја преку чоколадото и ставете кратко да отстои. Измешајте во мазна смеса која ќе ја оставите да се олади на собна температура. Потоа изматете ја со миксер за да добиете чоколадна пена.
Спојувајте по 2 основи и во добро затворена кутија оставете ги во фрижидер до наредниот ден. Чувајте ги во фрижидер, ама пред послужување оставете ги малку на собна температура.

Од оваа количина состојки, се добиваат 20 Макаронс.

Што се однесува до филот, може да се експериментира. По желба може да се додадат различни фкусови како јагода, ванила, ф’стаци…

За дополнителен ефект во филот и тестот додадете неколку капки прехрамбена боја.

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!