Македонски намаз – традиционален рецепт кој го правеле нашите баби

Вреди да се проба:

Традиционален македонски рецепт кој го правеле нашите баби со продукти кои ги има преку целата година и ја создаваат неговата оригиналност. Приготвуван за време во пости е вистински деликатес, кој од посен намаз може да премине и во оброк.

Состојки:

  • 20 суви црвени пиперки
  • 1,2 кг. компири
  • 1-2 главици лук (стар)
  • 50 мл. масло
  • сол,
  • мешан сув зачин

Подготовка:

Сувите пиперки се варат додека да омекне лушпата. Кога ќе се сварат најважно е додека се жешки да го одделите месото на пиперките од лушпата, бидејќи ако се изладат нема да може да се отстрани лушпата, а секако се вади и семето.

- Advertisement -

Чистените пиперки се ставаат во лучница (дрвен сад/ваган), се додава исчистениот лук, се става сол и со толчник се толчи сето заедно.

Компирите се мијат убаво и паралелно со пиперките и тие се варат заедно со лушпата. Компирите сварени и додека се топли се лупат и со вилушка се пасираат, додавајќи од топлата вода во која се вареа додека да се добие пире.

Во пасираните компири се додаваат истолчените пиперки и лук и сето се меша убаво до добивање на мазна и убава смеса.

Се додава сол по вкус и мешан сув зачин. На крајот маслото се загрева и се разлева врз намазот, кој чврчорејќи ќе замириса прекрасно.

Забелешка:

Количината на лукот и другите состојки може сами по вкус да си ги одредите
и може да се менуваат.

Според семејните вкусови наместо лук некаде се става ситно сечкан праз.

Одлично одговара во комбинација со чварки, па наместо масло може да се полее со свежо пржени чварки или врело сало.

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!