ЛЕСЕН СОС ОД ТИКВИЧКИ: Сосот готов за 10 минути одлично се вклопува со секакви тестенини или месо!

Вреди да се проба:

Ако немате време, сосот од тиквички е одличен бидејќи можете да го јадете со се.

Започнува сезоната на најубавиот и највкусниот зеленчук, а тоа се тиквичките. Од нив можете да направите разни јадења, како полнети тиквички, пржени тиквички, плескавици… Наместо тоа, пробајте сос од тиквички кој веднаш ќе ве полуди. Можете да го послужите со месо, њоки, било какви тестенини… Ќе уживате во секој залак бидејќи сосот е лесен.

- Advertisement -

Состојки:

  • 1 голема тиквичка
  • 140 мл млеко
  • 1 виолетова главица кромид
  • 1 лажица путер
  • 1 лажичка жалфија
  • 1 чешне лук
  • 250 гр кисела павлака

Подготовка:

Измијте ја и исечете ја тиквичката, па ставете ја во блендер и изблендирајте. Додадете млеко и измешајте уште малку.

На путер пропржете сечкан виолетов кромид и жалфија, а потоа додадете лук. Истурете тиквички и промешајте, варете пет минути, потоа додадете павлака и варете уште две минути.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!