Леб со чварки: Стар рецепт кој треба да се проба и да се зачува!

Вреди да се проба:

Француската салата, тврдо варените јајца, шунката и младиот кромид се уште повкусни со мирис на топол домашен леб…

За уште повеќе вкус или боја, на сувите состојки додадете една лажичка куркума и слатка мелена пиперка, кои одлично ќе се комбинираат со чварките.

- Advertisement -

Состојки:

  • 500 гр мазно брашно
  • 1 дцл млеко
  • лажичка шеќер
  • сув квасец
  • 2 лажички сол
  • 2 лажици јогурт
  • 6 лажички масло
  • 60 гр мелени чварки
  • 2 дцл вода

Подготовка:

Во млакото млеко со шеќер се додава квасецот и се остава да набабри на топло место.

Сите состојки се мешаат со активираниот квасец, па се замесува мазно тесто.

Добро се замесува и се остава околу час и половина на топло место. Потоа размесете тесто, обликувајте го лебот и печете околу 50 минути на 180 Ц.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!