Крцкави похувани тиквички од рерна – Брза и вкусна закуска!

Вреди да се проба:

Брзи, здрави и вкусни тиквички од рерна, за кои ви се потребни само 4 лажици масло. нема потреба да стоите долго пред шпорет и да ги пржите во длабоко масло.

Потребни состојки:

  • 2 тиквички,
  • малку сол,
  • 2 лажици брашно,
  • 1 лажица пченкарно брашно,
  • 1 лажица лебни трошки (презла),
  • 1 лажичка сол,
  • 1/2 лажичка црвен зачински,
  • пипер во прав,
  • 2 јајца,
  • сусам за наросување одозгора,
  • 4 лажици масло.

Подготовка:

Тиквичките убаво измијте ги, па исечете ги на тркалца заедно со кората. Посолете ги и оставете малку да отстојат.

- Advertisement -

Во посебен сад ставете две лажици брашно, една лажица пченкарно брашно, една лажица лебни трошки, една лажичка сол, половина лажичка црвен пипер во прав и убаво промешајте за да се изедначат состојките.

Во друга чинија изматете две јајца со виљушка. Започнете го похувањето на тиквичките. Секое тркалце натопете го прво во јајцата, а потоа во мешавината од брашно и презла. Завршете со уште едно потопување во јајцата.

Вака приготвените тиквички редете ги во плех обложен со хартија за печење. Одозгора наросете ги со сусам и со 4 лажици масло.

Ставете да се печат во загреана рерна на 220 степени додека убаво да заруменат.

Пријатен апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!