КИШ СО БРОКУЛА: Популарна солена пита полна со фил!

Вреди да се проба:

Едноставна солена пита, погодна за вечера или појадок.

Кишот е вид на француска отворена пита исполнета со солен фил од јајца и млеко со парчиња сирење, месо, морска храна или зеленчук. Најпозната варијанта е киш лорен, кој се прави со сланина. Кишот може да се сервира топол или ладен. Тој е популарна пита низ целиот свет.

- Advertisement -

Состојки:

  • 180 гр брашно
  • 125 гр ладен путер
  • 60 мл ладна вода
  • 1 кромид
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици путер
  • 2 китки брокула
  • сол, бибер
  • 4 јајца
  • 2 лажици пченкарно брашно
  • 300 мл млеко
  • 100 гр сирење

Подготовка:

Во блендер ставете вода, путер и брашно. Мешајте додека смесата не се соедини. Ставете го тестото во калапот за киш и распоредете го со раце. Покријте го со алуминиумска фолија за да ја задржи формата на тестото, па печете 20 минути на 200 степени.

За тоа време пропржете ги цветчињата кромид, лук и брокула. Посолете и побиберете, па покријте и динстајте околу 10 минути.Откако ќе се испече кората, извадете ја алуминиумската фолија и ставете ги брокулите и кромидот.

Јајцата посолете ги и побиберете ги и изматете ги. Во 50 мл млеко измешајте пченкарно брашно и убаво измешајте. Додадете ги јајцата, измешајте и истурете го остатокот од млекото. Измешајте рендано сирење во оваа смеса. Потоа прелијте ја питата врз брокулата. Печете половина час на 180 степени.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!