Зимските вечери се идеални за ШУМАДИЈСКИ чај, кај народот познат како ТОПЛА РАКИЈА! Еве како да го направите и кои се неговите лековити својства!

Вреди да се проба:

Варената ракија е совршена за студените зимски вечери. Кај нас, Шумадијскиот чај се прави од сливова ракија, иако може по желба да се направи и од некоја друга.

Во многу краишта од нашето поднебје варената ракија се користи како лек против грип и други болести, а во зима одлично не загрева. Ако сакате сварената ракија да биде блага, варете ја подолго и последователно ќе испари повеќе алкохол.

- Advertisement -

Состојки:

  • 4 лажици шеќер
  • 250 милилитри ракија
  • 250 милилитри вода

Подготовка:

Во метален сад ставете 4 лажици шеќер да се карамелизираат, кога ќе го постигнете тоа тргнете од оган и веднаш додајте 250 милилитри ракија, со јачина од 17 до 20 степени и 250 милилитри вода.

Вратете ја на рингла да зоврие и оставете шеќерот да се растопи. Послужете топло, бидејќи варената ракија се пие врела!

Некои сакаат да додадат неколку каранфилчиња во варената ракија – велат дека е одлична. Ако ракијата е јака, додадете уште вода. Не е лошо да се остави малку да врие за да испари повеќе алкохол.

На здравје!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!