Зелка со јагнешко месо: Старо јадење, мелем за душата!

Вреди да се проба:

Зелка со јагнешко месо е многу популарно старо јадење во овој регион.

Исто така, овој рецепт е прогласен за национално јадење во Норвешка (таму ова јадење е попознато како „чорба од јагнешко и зелка“). Рецепти за ова јадење, во различни варијации, може да се најдат но ние ви го претставуваме нашиот начин.

- Advertisement -

Состојки:

  • 0,5 кг јагнешко (нога)
  • 0,5 кг јагнешко (од вратот)
  • сол
  • бибер (во прав и зрна)
  • 1 главица зелка (слатка, поголема глава)
  • масло
  • 1 главица црвен кромид
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажица зачинета пиперка (слатка)
  • 0,5 лажици мелен пипер (зачин, лут)
  • 0,5 китка магдонос (лист)
  • 4 чешниња лук
  • 100 мл сок од домати
  • 1 парче пиперка (зелена, слатка)

Подготовка:

Јагнешкото месо од бутот и вратот, без коски се сече на помали парчиња, се посолува и бибери. Се става во тенџере и се прелива вода да кисне. Додадете малку зрна бибер. Оставете да се готви на средна температура околу 1 час.

Загрејте го маслото во тава. Додадете ситно сечкан црвен кромид. Кога кромидот ќе стане стаклен, додадете го брашното, пиперот, пиперката, ситно сечканиот лук и листот магдонос. Пропржете малку. Ставете го сето тоа на страна.

Истурете малку масло во садот за печење (керамички/земјен сад, препорачливо со капак). Се прелива со содржината од тавата. Исечете ја зелката на поголеми парчиња и ставете ја во садот за печење. Врз зелката ставете го јагнешкото и прелијте со водата за готвење.

Додадете сок од домати и една зелена слатка пиперка. Се добро измешајте. Доколку е потребно, истурете уште малку вода. Покријте и ставете во рерна на 150 C да се пече околу час и половина. Послужете топло.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!