Едноставна ПОСНА ПУДИНГ ТОРТА: Брзо и неверојатно вкусно уживање!

Вреди да се проба:

Феноменална слатка која брзо се прави.

Состојки:

  • 1 кг посни бисквити
  • 250 гр посен маргарин за колачи
  • 250 гр шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 4 пудинзи од карамела или ванила
  • 100 гр чоколадо
  • 150 гр ореви или лешници

Подготовка:

Пудингот сварете го во 1 литар вода во која сте додале 150 гр шеќер. Внимавајте да не се згрутчи, мешајќи постојано додека не се излади.

- Advertisement -

Одделно изматете 1 маргарин со остатокот од шеќерот, кој е најдобро претходно измелен. Можете исто така да додадете 1 ванилин шеќер и сето тоа да го комбинирате со пудингот. Додадете 100 гр мелени ореви.

Направете шербет од вода и шеќер или само (замешајте 100 мл млака вода со 50 гр шеќер или по вкус) , потоа  потопете ги бисквитите во шербетот и наредете ги во поголем плех за торта. Секој ред премачкајте го со фил, а последниот покријте го со чоколадна глазура( стопете го чоколадото на пареа со малку маргарин). Посипете со крупно сецкани ореви или лешници и оставете да се стегне.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!